Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Kings 11

:
Macedonian - 1990
1 Готолија, мајката на Охозија, кога виде дека синот нејзин умре, стана и го истреби сиот царски род.
2 Но Јосавета, ќерката на царот Јорам, сестра на Охозија, го зеде Охозиевиот син Јоаса и тајно го зеде од убиваните царски синови, го украде него и доилката негова, и го сокрија од Готолија во спалната, и тој не беше убиен.
3 И го криеја со неа во Господовиот дом шест години, а во тоа време Готолија царуваше над земјата.
4 На седмата година Јодај испрати и ги повика стотниците од телохранителите и брзоотците, ги доведе при себеси во домот Господов, склучи со нов договор, зеде од нив клетва во домот Господов и им го покажа царскиот син;
5 и им даде заповед, велејќи: »Еве што ќе направите: едната третина од вас, што доаѓате во сабота, ќе стоите на стража при царскиот дом;
6 другата третина при Сурските порти; и третата третина при портите зад телохранителите, и ќе стоите на стража во домот, за да не стане насилство.
7 И два дела од вас, од сите, што одат во сабота, ќе стојат на стража при домот Господов, околу царот;
8 и опколете го царот од сите страни, секој со оружјето свое в рака; кој и да влезе во редовите, да биде убиен; и бидете при царот, кога излегува и кога влегува.«
9 Стотниците направија сѐ, што заповеда свештеникот Јодај; секој ги зеде луѓето свои, што доаѓаа во сабота и кои одеа во сабота, и дојдоа при свештеникот Јодаја.
10 И свештеникот им ги раздаде на стотниците копјата и штитовите на царот Давида, што се наоѓаа во домот на Господа.
11 И застанаа брзоодците, секој со оружје в рака, од десната страна на домот до левата страна на домот, при жртвеникот и при домот, околу царот.
12 Тогаш Јодај го изведе царскиот син, му стави царски венец и украси, го зацарија, го помазаа, ракоплескаа и извикуваа: »Да живее царот!«
13 Го чу Готолија гласот на растрчаниот народ и отиде при народот во домот Господов.
14 А таму: ете, царот стои на повисоко место, според обичајот, и кнезовите и трубите до царот; сиот народ на земјата се весели, и трубат со труби. Готолија ја раскина облеката своја и извика: »Заговор, заговор!«
15 Свештеникот Јодај им заповеда на стотниците, војводите и војската, и им рече: »Изведете ја надвор од редовите, а кој ќе тргне по неа, убивајте го со меч!« Свештеникот мислеше да не ја убијат во домот Господов.
16 И направија место и таа мина низ коњскиот влез за царскиот двор и таму беше убиена.
17 И склучи Јодај завет меѓу Господа, меѓу царот и народот, тие да бидат народ Господов.
18 Тогаш сиот народ отиде во домот на Ваала, ги срушија жртвениците негови, и идолите негови сосема ги уништија, и Вааловиот жрец Матана го убија пред жртвениците. А свештеникот установи надзорништво над домот Господов.
19 И ги зеде стотниците и телохранителите и брзоодците и сиот народ од земјата, и го придружија царот од домот Господов, и отидоа по патот низ телохранителските порти во царскиот дом; и тој седна на царскиот престол.
20 Сиот народ на земјата се веселеше, и градот се успокои. А Готолија ја убија со меч во царскиот дом.
21 Јоас беше на седум години, кога стана цар.